Младиот Канаѓанец, Феликс Ожер-Алијазим, одлично го почна тековниот Аустралиан Опен со три максимални победи од 3-0.
Токму денес, 20-годишникот го совлада својот фаворизиран сонародник, Денис Шаповалов, со ист резултат или по сетови 7-5, 7-5 и 6-3.
Во првите два сета, Шаповалов имаше брејк-предност, но Ожер-Алијазим, до крајот, успеваше да освои по два гемови на сервис на противникот.
Во третиот сет, Шаповалов го изгуби првиот гем на свој сервис што резултираше со конечен пораз.
Во осмина-финалето, Ожер-Алијазим ќе се соочи со Русинот Аслан Карацев, кој го зазема 114. место на АТП ранг-листата.
📸 Twitter: #AusOpen