
Со синоќешниот триумф од 2-1, Мајами Марлинс ја прекинаа низата од пет меѓусебни порази од ЛА Доџерс.
На мечот, Доџерс поведоа во третиот период со триесеттиот овосезонски хоум-ран на Муки Бетс.
Сепак, со поените на Џон Берти во четвртиот и на Џои Вендл во шестиот ининг, домаќините направија пресврт.
Освен поентерите, најзаслужен за триумфот беше фрлачот на Марлинс, Сенди Алкантара, со десет страјк-аути.
И покрај поразот, Доџерс (87-38) останаа на врвот на Националната лига, додека Мајами (55-71) го зазема десеттото место.




