Во првото коло од групата Д на Африканскиот куп на нации, Гвинеја-Бисао ремизираше против Судан со 0-0.
Иако резултатот навестува ,,сиромашен” дуел, сепак двете екипи пружија квалитетни перформанси на теренот со неколку добри прилики и на двете страни.
Сепак, најколосалната шанса ја имаше Пеле, од редовите на Гвинеја-Бисао, кој биеше непрецизно од белата точка на десет минути пред крајот.
Имено, ударот на Пеле беше одбранет од голманот Али Абдалах Абу-Ешреин, а на одбиената топка налета Пикети, кој ја затресе пречката.
Гвинеја-Бисао, на несреќрн начин, не успеа да ја запише првата победа на континенталниот собир, но дојде до своето трето реми во историјата на ова натпреварување.
Во истата група, во претходниот денешен термин, Нигерија го победи Египет со 1-0 во дербито на досегашниот дел од првенството.