Мемфис Гризлис го запишаа осмиот триумф во низа, откако во синоќешниот европски термин ги надиграа ЛА Клиперс со 108-123.
Во првото полувреме, резултатот на паркетот беше во блага корист на Гризлис, кои ја направија клучната предност со серијата од 18-4 во четвртиот квартал.
Од победничкиот состав, дабл-дабл запиша Брендон Кларк (18 поени и 14 скокови), а од неговите соиграчи, поефикасни беа Дезмон Бејн и Џерен Џексон со 23 и со 26 поени.
Кај Клиперс, најрасположени во нападот беа Маркус Морис со 30 и Реџи Џексон со 18 кошеви.
Во Западната конференција, Клиперс (19-21) паднаа на деветтото место, а Мемфис (27-14) остана на четвртата позиција.