Вториот саботен натпревар од тековната НФЛ сезона го одиграа екипите на Грин Беј Пекерс и на Каролина Пантерс.
Двата ривали пружија исклучително тврд натпревар во којшто доминираа одбраните. Имено, Пекерс накрај триумфираа со резултат од 24-16.
Грин Беј стекнаа капитална предност уште во првото полувреме, кога на трите воведни напади, постигнаа три тачдауни преку Роберт Тонјан, Арон Роџерс и Арон Џонс. Во продолжение, односно во четвртата четвртина, Мејсон Кросби додаде уште еден филд-гол.
Од редовите на Пантерс, тачдаун постигна само Теди Бриџвотер во третата четвртина, а шутерот Џој Слај ги запиша сите останати поени.
Со овој триумф, Пекерс (11-3) ја загарантираа титулата во НФК Север, пред Минесота Викингс, Чикаго Берс и Детроит Лионс и се во одлична позиција за освојување на врвот во целата конференција. Од друга страна, Пантерс имаат само една победа на последните девет средби и со вкупни 4-10 се последни во НФК.
Во соработка со НФЛ Македонија



