Управата на Еурофарм Пелистер во изминатиот период направи фантастичен потег со продолжување на договорите до 2025 година на тројцата “најталентирани” струшки ракометари, веројатно и најголеми таленти во цела Македонија.
После продолжувањето на договорите со македонските репрезентативци, десното крило Ненад Костески и левото крило Цветан Кузманоски, денес беше објавено и продолжувањето на соработката со левиот бек Емилијан Ѓорговски кој е исто така во поширокиот список на репрезентацијата на Македонија. Сите тројца остануваат во Битола до 2025 година.
Со овој потег Еурофарм Пелистер уште еднаш покажа дека сериозно грижи за иднината и развојот на македонскиот ракомет.




