Вториот натпреварувачки ден од мини-турнејата ,,Вилинген 6″ беше резервиран на првото индивидуално натпреварување после вчерашните квалификации, на кои, Клеменс Муранка постави нов рекорд на скокалницата со прескокнати 153 метри.
Сепак, Полјакот потфрли денес и не успеа да се квалификува во втората серија.
Накрај, водечки после двете серии и вкупен победник беше првопласираниот во генералниот пласман – Халвор Егнер Гранеруд.
Неговиот сонародник, Даниел Андре Танде, го освои второто место, а на најниското место на подиумот заврши Камил Штох.
До најдобриот пласман во кариерата, односно до четвртото место, дојде Словенецот Бор Павловчич, а во продолжение следуваа Давид Кубацки, Мариус Линдвик, Рјоју Кобајаши, Маркус Ајзенбихлер, Пјотр Жила и Анже Ланишек.
📸 INA FASSBENDER/AFP via Getty Images



