
Седумдесет и првото издание на Новогодишната турнеја од Светскиот куп во ски скокови беше затворена со денешното натпреварување во Бишофсхофен, Австрија.
Имено, на скокалницата ,,Паул Аусерлајтнер” до триумф дојде Халвор Егнер Гранеруд, кој воедно и го освои ,,Златниот орел”.
Притоа, Гранеруд стана првиот Норвежанец со оваа титула после 2006/07, кога триумфираше Андерс Јакобсен.
На второто место се искачи Словенецот Анже Ланишек, кој го освои третото место во вкупниот поредок, а третопласиран беше вицешампионот Давид Кубацки.
Од домашните натпреварувачи, најдобар беше четвртопласираниот Михаел Хајбок, а неговиот сонародник, Јан Херл, го заокружи пласманот во првите пет.