Во божиќниот натпревар од КХЛ, екипата на Сибир Новосибирск го совлада Динамо Минск со резултат од 3-2 после продолжение.
После две третини, на семафорот стоеше 1-1, а во третиот период, двата ривали уште по еднаш ја затресоа противничката мрежа.
Во регуларниот дел, стрелци за домаќините беа Јегор Аланов и Вјачеслав Основин, а после три и пол дополнителни минути, триумф донесе Илја Морозов.
Од друга страна, за Белорусите, по еден погодок постигнаа Дмитри Соколов и Роман Горбунов.
Во Источната конференција, Сибир го зазема третото место, додека Динамо е осми на Западот.