
Во дербито на дното на Западната конференција, Чикаго Блекхокс ги поразија Аризона Којотес со 2-0.
За Аризона, ова беше четврт пораз во низа, додека Чикаго славеше за првпат во 2023 и прекина серија од пет загубени натпревари.
На мечот, стрелци беа Џејк МекКејб во втората третина и Тајлер Џонсон на празна мрежа во последната минута.
Голманот на домашната екипа, Алекс Сталок, го запиша првиот шут-аут во сезоната со 22/22 одбранети противнички удари.
На табелата на Западот, Чикаго остана на последното место, додека Аризона ја зазема четиринаесеттата позиција.