Куманово ja освои титулата во Купот на Македонија откако славеше против Вардар со 26-18 (полувреме 12-9). Најефикасни во Куманово беа Јануловска со 6 гола и Трајковиќ со 4, додека кај Вардар, Трпевска постигна 5 погодоци.
Ангела Јанкуловска ракометарката на Куманово ја доби наградата за МВП и најдобар стрелец на Ф4 турнирот од Купот на Македонија. За најдобар голман на Ф4 турнирот е прогласена Андреа Илиќ од РК Вардар.



