Синоќа, откако беа подобри со 113-130, Бруклин Нетс славеа над Индијана Пејсерс по четврти пат во низа во меѓусебните дуели.
Имено, во текот на поголемиот дел од натпреварот, претставниците на Њујорк водеа со двоцифрена разлика што накрај се покажа како доволна за триумф.
Најефикасен на мечот, со рекорд на кариерата, беше Кевин Дурент (Бруклин) со 42 поени и со 10 асистенции.
Освен него, дабл-дабл имаше и Ализе Џонсон (20 поени и 21 скок), кој дојде до својот прв натпревар во НБА со две статистики поголеми од дваесет.
Кај Индијана, најдобар беше Керис ЛеВерт со 36 кошеви.
На табелата на Источната конференција, Бруклин (43-20) остана на врвот, додека Индијана (29-33) ја зазема деветтата позиција.