
Во првото коло од англиската Лиг 2 бевме сведоци на еден од најубавите голови постигнат во последните неколку сезони.
Имено, на мечот помеѓу Лејтон Ориент и Гримсби, Томас Џејмс (56′) успешно, со волеј од далечина, го матираше противничкиот голман, Макс Крокомб и ја завери победата на својата екипа.
Освен Велшанецот, гол за клубот од Лондон постигна и Џорџ Монкур (49′) од пенал што беше доволно за да се надигра повратникот во четвртолигашкото друштво и победникот на минатосезонскиот плејоф на Националната лига.
Освен Лејтон Ориент, во првото коло од Лиг 2, победи запишаа уште: Карлајл, Стивениџ, Кру Александра, Бероу, Нортемптон, Салфорд, Вимблдон, Херогејт и Волсол.