
Последниот меч од саботниот термин на првото коло на Чемпионшип заврши со реми од 1-1 помеѓу екипите на Мидлсброу и на ВБА.
Во првото полувреме, Мидлсброу покажа потполна доминација, која беше крунисана со голот на дефанзивецот Ајзеа Џонс (10′).
Сепак, во второто полувреме, ВБА брзо израмни преку Џон Свифт (51′), кој го постигна првиот погодок, откако премина во Вест Бромвич од редовите на Рединг.
До крајот, гостите имаа за нијанса подобра игра, но мрежите останаа незатресени сè до последниот судиски свиреж.
На табелата, по еден освоен поен после реми во првата рунда имаат уште: Лутон, Бирмингем, Виган, Престон, Ротерам и Свонси.