
Во последните две свои второлигашки сезони, екипата на Норвич беше шампион, но овосезонската кампања ја започна со пораз.
Имено, на гостувањето во Велс, „Канаринците“ загубија од домаќинот Кардиф со минимални 1-0.
Во изедначен натпревар, стрелец на единствениот погодок беше Ромен Сојерс (49′) на дебито во својата нова средина.
Како што се наближуваше крајот, тензиите на теренот почнаа да растат при што двата ривали завршија со по десетмина на теренот.
Кај велшките претставници, втор жолт картон заработи деванзивецот Пери Енџи (73′), додека Норвич остана без својот капитен – Грент Хенли (85′).
Во досегашниот дел од првото коло, освен Кардиф, победи изборија уште Барнли, Блекпул, Блекбурн, Хал и Милвол.