Голманот на ФК Љуботен кој беше доведен како мега-трансфер изминатото лето, Трајче Китановски, одговори на предизвикот кој го прават многу популарни личности низ светот. Станува збор за „Остани дома“, а целта е да се покажат фудбалските вештини пред камера во домашна атмосфера и да се номинираат луѓе по сопствен избор.
Китановски, откако го направи предизвикот, ги номинира Ненад Спасовски (играч на ФК Љуботен), како и пејачите Благоја Грујовски и Џина Папас Џокси.



