
Во директната битка за влез во плејоф-зоната, Бафало Сабрес триумфираа над Флорида Пантерс со 1-3.
На табелата на Источната конференција, Сабрес скокнаа на осмата позиција со ист број на бодови, но поради подобра гол-разлика од Пантерс, кои, исто како и Детроит Ред Вингс, имаат по 64 поени.
На мечот, за победничкиот состав стрелаа Џеф Скинер (х2) и Алекс Так, додека за домаќините реализираше Чарли Верхеге.
Сепак, натпреварот беше одбележан од голманот на Бафало, Крег Андерсон, кој имаше неверојатни 53/54 одбранети шутеви (98,15%) и со својата 41-годишна возраст стана најстариот голман со повеќе од педесет одбрани на една средба.