
Денешното градско дерби на Тампере го одреди поредокот на врвот на табелата на финската хокеарска Лиига.
Имено, Тапара изби на првото место, совладувајќи го Илвес со 0-2, кој падна на третата позиција, иако, во случај на триумф, ќе беше нов лидер.
На мечот, номиналните гости постигнаа по еден гол во првата и во третата третина, а стрелци беа Филип Гранат и Петери Пухака.
Помеѓу стативите на победничкиот состав беше Кристијан Хелјанко, кој со осумнаесет одбрани дојде до третиот овосезонски шут-аут.