
НК Каубојс дојдоа до половичен учинок од три победи и од три порази после првите шест кола, откако приредија голем пресврт.
Имено, во увертирата на шестата рунда, клубот од Таунсвил славеше на гостински терен кај Канбера Рејдерс со 12-18.
На мечот беа одиграни две потполно различни полувремиња, кои го дадоа конечниот исход.
Во првите четириесет минути, домаќините водеа со 12-0, благодарение на есеите на Том Старлинг (2′) и на Џордан Рапана (13′), проследени со двете прецизни конверзии на Бред Шнајдер.
Сепак, во вториот дел, централна фигура на ,,Каубоите” беше Валентин Холмс, кој положи еднаш (61′) и ги погоди сите три конвертирања.
Освен него, топката во противничката енд-зона ја внесоа уште Хеилум Луки (45′) и Џеремаја Нанаи (69′).
На табелата, НК Каубојс скокнаа на петтото место, додека Канбера засега остана на тринаесеттата позиција.