
Вашингтон Нешоналс ја добија гостинската серија против актуелните шампиони, Атланта Брејвс, откако славеа на два од трите меѓусебни дуели.
На третиот натпревар, гостите од главниот град на САД, триумфираа на ,,Труист Парк” со резултат од 1-3.
Нешоналс стекнаа водство од 2-0 во првиот период, а после пет и пол ининзи водеа со три разлика, откако по четири бази освоија Цезар Хернандез, Хуан Сото и Џош Бел.
Во шестата деветтина, Брејвс го намалија својот заостаток со хоум-ранот на Остин Рајли.
Во Источната конференција, со учинок од 3-4, двете екипи го делат деветтото место.