
Вториот овосезонски полуфиналист на НБА, кој ќе се соочи со Феникс Санс, е тимот на ЛА Клиперс, кој се пласираше во конференциското финале за првпат во својата историја.
Во четврт-финалната фаза, претставниците на Лос Анџелес ги елиминираа Јута Џез со вкупни 4-2.
Во шестиот меч, кој беше одигран синоќа, Клиперс славеа над гостите од Солт Лејк Сити со резултат од 131-119.
Јута одлично го отвори мечот и на стартот на третата четвртина имаше предност од максимални +25.
Во продолжение, водството почна да се ,,топи” и во последниот квартал, резултатската позитива премина на страната на Клиперс.
Кај победничкиот состав, со 39 кошеви, најефикасен беше Теренс Ман, а исто така се истакнаа Пол Џорџ (28 поени) и Реџи Џексон (27 поени и 10 асистенции).
На спротивната страна, Донован Митчел уфрли 39 кошеви, а дабл-дабл забележаа Ројс О’Нил (21 кош и 10 скокови) и Руди Гобер (12 поени и 10 скокови).



