
Со синоќешната победа од 3-2 после продолжение, Монтреал Канадиенс поведоа со вкупни 2-1 во полуфиналето против Вегас Голден Најтс.
Имено, херој за канадскиот состав беше Џош Андерсон, кој израмни на 2-2 на две минути пред крајот, а потоа стрелаше и во дополнителниот период после тринаесет минути игра.
Освен него, за домаќините погоди и Кол Кофилд, кој во тој момент израмни на 1-1.
Од друга страна, голгетери за Вегас Голден Најтс беа Никола Рој и Алекс Пиетранџело.
Нивниот четврти дуел е закажан за вечерта помеѓу 20 и 21 јуни со почеток од 02.00 часот.