Во рамките на 32 коло од Првата турска лига Анталијаспор стигна до супер важна победа од 1:0 над Аланијаспор и си го осигура опстанокот во првенството.
Голот за победа го постигна кој друг ако не најдобриот нивен играч и македонски интернационалец Адис Јаховиќ во 22 минута со одлична реакција со глава по корнерот на Шиник. Јаховиќ со овој гол стигна до третото место на листата на стрелци со 16 гола.