Во Хрватска се одигра вечното дерби помеѓу Динамо Загреб и Хајдук од Сплит. Иако шампионската титула повторно ,,Модрите” ја одбранија сепак ова беше значаен и престижен меч.
Во дерби во кое што имаше се што се состои фудбалската игра, љубителите на фудбалот можат да бидат презадоволни. Домашниот тим го предводеше македонскиот репрезентативец Аријан Адеми кој што во првиот дел имаше неспретна реакција и направи пенал кој што за негова среќа противниците не го казнија со гол.

Први поведоа домаќините со голот на Иванушец, а ремито на полувреме го донесе Чуиќ со гол постигнат во 31 минута. Пред крајот на полувремето два брзи жолти картони заработи Гојак и својот тим го остави на цедило со играч помалку во текот на целото второ полувреме.
Иако со играч помалку во поле Динамо Загреб повторно имаше водство со голот на Орсиќ во 61 минута. Сепак гостите стигнаа до целосен пресврт и три големи три бода со головите на Чуиќ во 81 минута за 2:2 и автоголот на Теофик Кетрин за триумф на Хајдук од 2:3. Со овие три бода гостите повторно се во игра за место во квалификациите за Лига Европа.