Новак Ѓоковиќ го совлада Рафаел Надал со 3-1 по сетови и се избори за финале на Ролан Гарос. Новак го загуби првиот сет со 3-6, но потоа заигра маестрално и ги доби наредните три сета со 6-3, 7-6 и 6-2.
Во финалето Новак ќе се сретне со Стефанос Циципас кој во првото денешното полуфинале го совлада Александар Зверев со 3:2 во сетови 6:3, 6:3, 4:6, 4:6 и 6:3.