
Женското финале во спуст од Светскиот куп во алпско скијање се одржа на патеката ,,Л’Еклипс” во Куршевел (Франција).
На него, до третата победа во оваа дисциплина во кариерата стигна Микаела Шифрин (1:27,00), која дојде на чекор до големиот кристален глобус.
Шифрин ја зголеми својата предност во однос на второпласираната Петра Влхова на 156 поени на три трки пред крајот, поради фактот дека Словачката денес остана без бодови.
Второто место во Куршевел го поделија Австријката Кристине Шајер (+0,10) и дебитантката на победничкиот пиедестал – Швајцарката Јоана Хелен (+0,10).
За само четири стотинки без подиум остана Мишел Гизин (+0,14), а веднаш зад неа се пласираше Лара Гут-Бехрами (+0,16).
Пласман во топ 10 изборија уште: Рагнилд Мовинкел (+0,22), Естер Ледецка (+0,28), Роман Мирадоли (+0,38), Приска Нуфер (+0,43) и Елена Куртони (+0,59).
На навидум ниското дванаесетто место заврши Софија Гоџа (+0,68), која со подобриот резултат од деветнаесеттата Корин Сутер (+0,98), успеа да го одбрани кристалниот глобус во најбрзата дисциплина.