На финалето во спуст од Светскиот куп во алпско скијање, одржано во Куршевел (Франција), триумфираше Винсент Крихмајер.
Австриецот дојде до втората победа во сезоната, откако на патеката ,,Л’Еклипс” постави најбрзо време од 1:50,43 минути.
На втората позиција се пласираше Марко Одермат (+0,34), кој воедно го обезбеди големиот кристален глобус за оваа сезона.
До пиров подиум стигна Беат Фојц (+0,54), откако не успеа да ја одбрани титулата во спуст, која му припадна на денешниот четвртопласиран – Александер Омодт Килде (+0,85).
Во продолжение, сите останати скијачи доцнеа над една секунда, а во првите десетмина завршија уште: Даниел Хеметсбергер (+1,31), Доминик Парис (+1,54), Џејмс Крофорд (+1,59), Рајан Кохран-Сигл (+1,63), Даниел Данклмајер (+1,76) и Тревис Генонг (+1,80).