Денешната трка на полумаратонската дистанца од 21,1 километар во Валенсија беше рекордна кога е во прашање женската конкуренција.
Имено, Етиопијката Летесенбет Гидеј стана првата жена во историјата што истрчала полумаратон под 63 минути, откако денес постави време од 1:02:52.
Покрај неа, на подиумот се пласираа уште две нејзини сонароднички, кои беа изедначени до секунда, односно Генету Молалињ (1:03:51) и поранешната рекордерка Јалемзерф Јехуалав (1:03:51).
Кај мажите, драмата беше присутна до самиот крај, кога Алекс Кипчумба (58:07) за само две секумди го претекна својот сонародник, а воедно и фаворит – Ронекс Кипруто (58:09).
Најниското место на пиедесталот го зазеде Даниел Матеико (58:26), а потполната доминација на Кенија ја заокружија Кенеди Кимутаи (58:28) и Филемон Киплимо (58:34).
Освен наведените атлетичари, границата од 59 минути ја скршија Муктар Едрис (58:40) и Метју Кимели (58:43), кои ја направија денешната трка убедливо најбрза во историјата и покрај отсуството на светскиот рекорд за шест секунди.