
Новајлиите во НХЛ, Сиетл Кракен, поради дефицитот на хокеарски клубови во северозападниот дел на САД, го имаат најблискиот географски ривал во Канада – Ванкувер Кенакс.
Синоќа, двете екипи се соочија за првпат во компетитивен натпревар, каде што Кенакс триумфираа со 2-4.
На само четири секунди до крајот на првата третина, Винс Дан, со својот прв гол во новата средина, погоди за 1-0 во корист на Сиетл, на нивната прва домашна партија.
Единствениот погодок во втората третина го постигна Бо Хорват, кој израмни на 1-1 за Ванкувер.
Капитенот на Кракен, Мајк Џордано, во шестата минута од третиот период стрелаше за ново водство на домаќините, но во последните осум минути, Канаѓаните направија целосен пресврт.
Најпрво, Хорват, со вториот гол на мечот и трет во сезоната, израмни на 2-2, а за предност погодија Конор Гарленд и Џастин Даулинг.
Во Западната конференција, со по шест одиграни натпревари, Ванкувер го држи петтото, а Сиетл – дванаесеттото место.



