
Единственото тимско натпреварување од Светскиот куп во нордиска комбинација се одржа во Лахти, Финска.
На скандинавското тло, најдобра селекција беше Германија (29:44,3), за која настапија Јулијан Шмид и Винценц Гајгер.
Фаворизираната Норвешка (+0,6) го освои второто место, а нејзините бои ги бранеа Јорген Граабак и Јарл Магнус Риибер.
Матео Бод и Лорен Муленталер и’ ја донесоа третата позиција на Франција (+5,5), а под една минута доцнеа уште двете австриски селекции – Австрија 2 (+12,8) и Австрија 1 (+28,1).