
Кога се во прашање лигашките натпревари, Галатасарај успеа да се врати на победничките патеки после еден и пол месец.
Имено, во дванаесеттото коло од турската Супер лига, клубот од Истанбул го совлада Фатих Карагумрук со 0-2.
За домаќините, сè тргна по надолна линија во првото полувреме, кога Аднан Угур (33′) доби директен црвен картон.
Во продолжение, гостите ја презедоа контролата и триумфираа со головите на Емре Ташдемир (60′) и на Хуан Мата (85′).
На табелата, со натпревар повеќе во однос на конкурентите, Галатасарај изби на третото место, оставајќи го Карагумрук на дванаесеттата позиција.




