
Екипата на Бари се наоѓа во голгетерска криза, откако не постигна ниеден гол на последните четири натпревари.
Во увертирата на единаесеттото коло од Серија Б, ,,Петлите” ремизираа со 0-0 против Тернана и ја прекинаа низата од три порази.
Домаќините за малку ќе го прекинеа и ,,постот” без реализација, но погодокот на Орелиен Шајдлер (20′) беше поништен со ВАР поради офсајд.
Во текот на цел натпревар доминираше тимот на Бари што јасно може да се утврди и со билансот на шутеви (21-3).
Сепак, на табелата, со натпревар повеќе, Тернана успеа да ја задржи третата позиција, пред Бари, кој е четвртопласиран.