
Во првиот натпревар од седумнаесеттото коло на англиската Национална лига, Барнет и Сканторп Јунајтед ремизираа со 1-1.
За двете екипи, ова беше прв меѓусебен дуел после 2001 и воедно прво реми после 1998.
На оваа средба, сè се случи во самиот финиш, кога Сканторп поведе со 0-1, благодарение на Роберт Аптер (79′).
Сепак, само две минути подоцна, Хари Причард (81′) го постави конечниот резултат со својот трет погодок на последните две средби.
Со натпревар повеќе во однос на конкурентите, Барнет го зазема осмото, а Сканторп – деветнаесеттото место на табелата.