
Првиот меч од осумнаесеттото коло на турската одбојкарска Ефелер лига беше вистински маратон од 170 минути.
Имено, Зираат Банкаши успеа да го совлада Галатасарај на гостински терен со 2-3 после два пресврти.
По сетови, резултатот гласеше 23-25, 25-22, 26-24, 17-25 и неверојатни 29-31, а во последната партија, Галатасарај пропушти шест, додека Зираат ја искористи дури дванаесеттата меч-топка.
Од победничките редови, најефикасни поединци беа Мартин Атанасов со 14, Воутер Тер Маат со 23 и Бедирхан Булбул со 16 поени, од кои седум блокови.
Од избраниците на Умут Чакир, двоцифрени беа Томас Едгар со 18 и Мортеза Шарифи со 22 поентирања.
На табелата, Зираат остана на втората, а Галатасарај на петтата позиција.