
Последниот спринт од Светскиот куп пред почетокот на Светското првенство во крос-кантри се одржа во Тоблах, Италија.
Во женска конкуренција, најдобрата форма ја потврди Јона Сундлинг (2:49,76), која славеше по вторпат во низа во спринт, а воедно и вторпат сезонава.
Нејзината сонародничка, Маја Далквист (+0,65), беше второпласирана, а помеѓу Швеѓанките се најде Американката Џеси Дигинс (+0,81) на третата позиција.
Позади неа се пласираа Ема Рибом (+1,12), Лин Сван (+1,63) и Лаура Гимлер (+1,69).
Кај мажите, незапирлив беше Јоханес Клебо (2:30,58), кој славеше по тринаесетти пат во 2022/23, а зад него, за 1-2 победа на Норвешка, заврши Хаавард Солаас Таугбол (+0,56).
За дел од секундата, на третото место се пласираше Федерико Пелегрино (+0,72), а од финалистите, без пиедестал останаа Ерик Валнес (+1,26), Лука Шанава (+2,74) и Едвин Ангер (+2,90).