
Трактор Чељабинск ги задржа шансите за пласман во плејофот, откако денес го совлада Автомобилист Екатеринбург со 1-2.
За ,,Мечките”, ова беше прва меѓусебна победа на гостински терен после 2021, која ги донесе на десеттото место на Истокот со три бода заостаток во однос на осмопласираниот Амур Хабаровск.
Од друга страна, Автомобилист остана на третата позиција, но ќе обезбеди сигурно доигрување, доколку на последните десет меча собере шест поени.
На денешната средба, сите голови паднаа во интервал од неполни четири минути игра во втората третина.
Најпрво, двојно водство на Трактор му донесоа Пјотр Хохрјаков и Максим Шабанов, а конечниот резултат го постави Куртис Волк.
Важен фактор во гостинскиот триумф беше голманот Кирил Устименко, кој запиша 39/40 одбрани (97,5%).