Последниот денешен одигран дуел во НБА лигата беше дуелот помеѓу Далас Маверикс и Денвер Нагетс. После овој натпревар следуваа уште два натпревари односно Оклахома – Јута и Сакраменто – Њу Орлеанс, но истите беа одложени откако челниците на НБА дојдоа до сознание дека еден кошаркар е позитивен на тестот за Коронавирусот.
Сепак, во Далас, Марјановиќ и Дончиќ ги предводеа Маверикс до победа од 113-97. Бобан Марјановиќ, поранешниот играч на Минесота и Црвена Ѕвезда, запиша триесет и еден поен што е највисок број во својата НБА кариера. Притоа додаде и седумнаесет скокови за дабл-дабл учинок. Освен Марјановиќ, дабл-дабл учинок имаше и другиот Србин на натпреварот – Никола Јокиќ (Денвер) со четиринаесет поени и тринаесет скокови. После Марјановиќ, втор најефикасен играч на мечот беше неговиот соиграч Лука Дончиќ со дваесет и осум поени и девет асистенции.
Двете екипи се наоѓаат во променлива серија, а на табелата на Западната конференција, Денвер е трет, додека Далас е седмопласиран тим.