Второто коло од новата сезона на англискиот Чемпионшип го отворија две екипи, кои се наоѓаат во несакана моментална положба – Бирмингем и Хадерсфилд.
На мечот и покрај сите проблеми вон теренот поврзани со сопствеништвото, Бирмингем успеа да слави со 2-1 над своите ривали.
За ,,Сините”, двата гола беа постигнати во првото полувреме, кога мрежата на Ли Николс ја затресоа Скот Хоган (5′) и Пржемислав Плахета (45′).
Во вториот дел, минатосезонските финалисти на плејофот го реализираа единствениот свој шут во рамките на голот, кој беше дело на Дени Ворд (61′).
По воведното реми од 0-0 со Лутон, Бирмингем е прв со четири бода, но и со натпревар повеќе во однос на конкурентите, додека Хадерсфилд е претпоследен со два порази.