
Во петтото коло од новата АФЛ сезона, Фриментл Докерс ја запишаа втората победа, совладувајќи ги Голд Коуст Санс со (15.10) 100-90 (13.12).
На мечот, претставниците на Квинсленд водеа и со +23 во третата четвртина, но во последниот квартал, Докерс направија победоносна серија од 28-7.
Од гостинските редови, двоцифрен поентерски учинок имаа Бен Кинг (2.0), Ноа Андерсон (2.1) и Дејвид Свалоу (3.1).
На спротивната страна, најефикасни поединци беа Лук Џексон (2.0), Џај Амис (3.2), Леки Шултц (3.2) и Мајкл Волтерс (4.1).
Со новите четири бода, Фриментл влезе во плејоф-зоната на осмата позиција, додека Голд Коуст падна на претпоследното место.