
Далас Старс го завршија регуларниот дел од сезоната на НХЛ со шест последователни победи.
Последната од нив беше остварена синоќа против Ст. Луис Блус на домашен терен со минимален резултат од 1-0.
Стрелец на единствениот погодок на натпреварот беше Вајат Џонстон во третата третина.
Голманот на ,,Ѕвездите”, Џејк Отингер, ги одбрани сите дваесет и пет противнички шутеви за својот петти овосезонски шут-аут.
На табелата, Далас ќе го освои третото или четвртото место на Западот (во зависност од резултатот на Колорадо Аваланш), додека Ст. Луис остана на дванаесеттата позиција.