
Третиот настан од брзо лизгање во рамките на ЗОИ 2022 донесе и четврт олимписки рекорд.
Имено, на трката на 1500 метри во женска конкуренција, Холанѓанката Ирен Вист освои злато со ново најдобро олимписко време од 1:53,28 минути.
Воедно, Вист стана и прва спортистка во историјата со најмалку по едно освоено злато на пет различни Олимписки игри.
Во иста секунда со неа лизгаше и Јапонката Михо Такаги (1:53,72), која го одбрани среброто од Пјонгчанг 2018.
После бронзата на 3000 метри од последните Зимски олимписки игри, Антоанет де Јонг (1:54,82) освои бронза и на денешната трка, откако за десет стотинки беше побрза од Ајано Сато (1:54,92).
Веднаш зад Сато, со пет стотинки заостаток, заврши Марајке Греневуд (1:54,97), а ,,сребрената” на 3000 метри, Франческа Лолобриџида (1:55,20) беше шестопласирана.