Флорида Пантерс, со својата трета победа во низа, им го нанесоа третиот врзан пораз на Детроит Ред Вингс, откако славеа со 2-7 во меѓусебниот дуел.
Во првата третина, Пантерс четири пати ја затресоа мрежата на Томас Грајс, кој на почетокот на вториот дел беше заменет со Џонатан Берние.
Во продолжение и Канаѓанецот беше приморан да го извади пакот од својот гол уште трипати, додека неговиот тим погоди само во два наврати за намалување на 1-3 и на 2-5.
Стрелци за победничкиот состав беа Јухо Ламико, Мекензи Вигар, Патрик Хорнквист (х2), Александер Барков, Арон Екблад и Ентони Дуклер.
Од друга страна, за Детроит погодија Боби Рајан и Валтери Филпула.
На табелата на Централната дивизија, Флорида ја држи првата, а Детроит – последната позиција.
📸 Dave Reginek/NHLI via Getty Images



