Јапонката Наоми Осака не дозволи да биде изненадена од Американката Џенифер Брејди во финалето на овогодинешното издание на Аустралиан Опен.
Имено, Осака триумфираше со 2-0 (6-4, 6-3) и дојде до втората грен-слем титула освоена на најмалиот континент, односно до четвртата грен-слем титула во кариерата.
Во првиот сет, новата шампионка освои два, а загуби еден гем на свој сервис, додека, во втората партија, направи уште еден брејк за конечен триумф после 79 минути игра.
На патот до финалето, Осака ги елиминира Анастасија Павличенкова, Каролин Гарсија, Онс Жабер, Гарбиње Мугуруза, Су-Веи Хсиех и Серена Вилијамс.
Од друга страна, Брејди сензационално стигна до големото финале преку Алиона Болсова Задоинов, Медисон Бренгл, Каја Јуван, Дона Векиќ, Џесика Пегула и Каролина Мухова.
📸 japantimes.co.jp