По серијата од девет победи, екипата на Јута Џез го доживеа првиот пораз, односно шестиот во досегашниот дел од сезоната.
Имено, ЛА Клиперс триумфираа со 116-112 над Џез и на тој начин им се одмаздија за поразот од пред два дена.
Во текот на првата, на втората и на четвртата четвртина, Клиперс имаа константна резултатска предност, со мал пад на играта во третиот квартал.
Најефикасен кошаркар на паркетот беше Донован Митчел (Јута) со 35 поени, а неговиот соиграч, Бојан Богдановиќ, уфрли уште 23 кошеви.
Од редовите на Клиперс, ,,Ол Стар” стартерот, Каваи Ленард, беше најпрецизен со 29 поени.
И покрај поразот, Јута (24-6) останува на врвот на Западот, додека Клиперс (22-9) ја држат третата позиција.
📸 Alex Goodlett/Getty Images