
На осумдесет и петтото Светско првенство во хокеј, по третпат во низа, во финалето се соочија Финска и Канада.
Накрај, со победата од 4-3 после продолжение, Финците дојдоа до четвртата титула на континенталниот собир.
За Канада, ова беше четириесет и трето финале, на кое го освоија шеснаесеттиот сребрен медал.
После две третини, Канада водеше со 0-1, откако мрежата на Јуси Олкинуора ја затресе Дилан Козенс.
Во завршниот период, домаќините направија пресврт за шест минути со двата пауер-плеј погодоци на Микаел Гранлунд, а Јоел Армија зголеми на 3-1.
Сепак, во последните 152 секунди, гостите, односно Зек Вајтклауд и Максим Комтуа дадоа два гола и изборија продолжение.
Во дополнителниот период беа одиграни неполни седум минути, после кои, трофејот во Тампере го остави Сакари Манинен.
Во битката за бронзата, Чешка ги порази САД со 8-4, иако Американците водеа со 3-1 после првата третина.