
Минесота Твинс го запишаа шестиот овосезонски триумф над Детроит Тигерс, откако синоќа ги совладаа со 2-8.
На мечот, Детроит постигна по еден поен во четвртиот и во седмиот период, а поентери беа Мигел Кабрера и Ерик Хаасе.
Од друга страна, ,,Близнаците” запишаа по два поени во првиот и во седмиот, односно четири поентирања во третиот ининг.
Хоум-ран за победничкиот состав постигна Гери Санчез, а по четири бази освоија Макс Кеплер (х2), Бајрон Бакстон, Хорхе Поланко, Џермејн Паласиос и Луис Араез (х2).
Во Американската лига, Минесота (30-20) го зазема високото трето место, додека Детроит (18-30) се наоѓа на претпоследната позиција.