Со синоќешната победа од 0-4, Филаделфија Флаерс дојдоа до првиот триумф на гостински терен кај Винипег Џетс после 2015.
Флаерс ја прекинаа серијата од три порази, постигнувајќи по еден гол во првата и во втората, како и два гола во третата третина.
Стрелци за гостинскиот состав беа четири различни хокеари, односно Ноа Кејтс, Кифер Белоус, Овен Типет и Ентони ДеАнџело.
Нивниот соиграч, голманот Картер Харт, дојде до првиот шут-аут во сезоната, одбранувајќи ги сите четириесет противнички шутеви.
Во Источната конференција, Филаделфија го држи дванаесеттото место, додека Винипег падна на третата позиција на Западот.