Најдобрите македонски судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе го судат финалето на Светското првенство помеѓу репрезентациите на Франција и Данска.
Мечот за златото е закажан за 21 часот на „Теле 2 Аренат“ во Стокхолм, а делегирањето на нашите најдобри судии во најважниот меч е доказ за нивното квалитетно судење на овој мундијал.