Репрезентативецот на Македонија, талентираното лево крило Петар Атанасијевиќ е прекомандуван во првиот тим на Еурофарм Пелистер
Атанасијевиќ по две и пол години поминати во Еурофарм Пелистер 2, по барање на тренерот Ларс Валтер е прекомандуван во првиот тим. 19-годишниот Петар во својата играчка кариера има настапувано за РК Алушовски од каде премина во Еурофарм Пелистер 2. Петар оваа година дебитираше и на Светските првенства, каде ги бранеше боите на македонската репрезентација.