
По вторпат во последните два месеци, Бромли излезе кобен тим за Јеовил Таун.
Имено, во четириесеттото коло од англиската Национална лига, клубот од околината на Лондон славеше на ,,Хуиш Парк” со минимални 0-1.
За победниците, новите три бода значеа скок на деветтото место со седум поени заостаток во однос на плејоф-зоната, додека домаќините паднаа на дваесеттата позиција со еден бод предност пред ,,црвената” зона.
На мечот, единствен реализатор беше Бесарт Топалој (4′), кој се запиша во листата на стрелците по вторпат сезонава, а воедно и вторпат против истиот ривал.